Девизните резерви на земјава, во третиот квартал од годината, се на ниво од две милијарди 64 милиони и 800 илјади евра, што во споредба со претходниот квартал, е зголемување од 25 милиони и 600 илјади евра, покажуваат податоците на Народната банка на Македонија. Во вториот квартал од оваа година девизните резерви биле на ниво од две милијарди 39 милиони и 200 илјади денари. Споредбено со претходниот квартал, намалување е забележано кај хартиите од вредност, бидејќи биле на ниво од една милијарда и 707 милиони и 800 илјади евра. Кај монетарното злато е забележано зголемување за 14,6 милиони евра. Скок од 29,8 милиони евра е регистрирано кај валутите и депозитите.
Девизните резерви на земјава, во третиот квартал од годината, се на ниво од две милијарди 64 милиони и 800 илјади евра, што во споредба со претходниот квартал, е зголемување од 25 милиони и 600 илјади евра, покажуваат податоците на Народната банка на Македонија.
Во вториот квартал од оваа година девизните резерви биле на ниво од две милијарди 39 милиони и 200 илјади денари.
Споредбено со претходниот квартал, намалување е забележано кај хартиите од вредност, бидејќи биле на ниво од една милијарда и 707 милиони и 800 илјади евра. Кај монетарното злато е забележано зголемување за 14,6 милиони евра. Скок од 29,8 милиони евра е регистрирано кај валутите и депозитите.
Вкупните девизни резерви во истиот период лани биле на ниво од две милијарди 103 милиони и 600 илјади евра, додека една година претходно биле само над 1,8 милијарди евра.